понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Почна изградбата на паркинзи во Дебар

Почна изградбата на паркинзи во Дебар

63

Општина Дебар почна со реализација на еден од значајните инфраструктурни проекти за градот: изградба на јавни паркинзи, со цел подобрување на сообраќајниот режим, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за граѓаните и за посетителите на градот.

– Основниот проект за паркинзи во градот Дебар претставува инвестиција со вкупна вредност од 16.215.470 денари. Ќе се изгради простор со 250 паркинг-места, а инвестицијата е на Општина Дебар. Изведувач на работите е АРХ „Конструкцион“ ДООЕЛ од Тетово, додека стручниот надзор го врши „МГ Проект“ ДООЕЛ од Скопје – информираше градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Меља.

Тој додава дека овој проект е резултат на посветеноста на локалните институции и на одличната соработка со централната власт, што претставува уште една потврда за заедничката заложба за развој на Дебар.

Инаку, ова е прв ваков проект во градот, каде што на големо се чувствува недостигот на простор за паркирање, кој е особено изразен во летниот период, кога престојуваат иселениците во градот.

– Општина Дебар ѝ останува посветена на реализацијата на конкретни проекти што го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и придонесуваат за создавање помодерен, пофункционален и подобро организиран град за сите – нагласи Меља.

ИЗДВОЕНИ