понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Доделени наградите за трите најкреативни видеа

Доделени наградите за трите најкреативни видеа

11

Општина Крива Паланка спроведе награден конкурс за кратки видеа со еколошки пораки на тема „Реката не е депонија – твојата одлука прави разлика“.

Tрите најкреативни видеа со најсилна порака, согласно со критериумите, добија парични награди.

Првонаградено е видеото „Реката не заслужува ѓубре, таа е за сите нас“, второто место го освои „Ајде да дејствуваме, реката да не ја загадуваме“ и третата награда е доделена за видеото „Чиста река, здрава иднина“.

Конкурсот е во рамките на проектот „Интегрирање на родовата перспектива во обезбедување на локални услуги во Југоисточна Европа преку НАЛАС“, поддржан од НАЛАС и од ЗЕЛС, а финансиран од UN WOMEN.

– Во рамките на проектот, Општина Крива Паланка распиша конкурс со кој ги повика учениците од основните училишта и од средното училиште на територијата на Општина Крива Паланка да ја кажат својата порака за заштита на реките и на животната средина преку видеосодржина. Младите од градот беа креативни на тема „Реката не е депонија – твојата одлука прави разлика“, пристигнаа инспиративни видеа, кои комисијата ги разгледа и оцени, а градоначалникот го донесе решението за добитниците, кои ќе бидат соодветно наградени за својата креативност – информираат од Општината.

Конечната ранг-листа е објавена на официјалната страница на Општината.

– Преку овој конкурс, Општина Крива Паланка промовира вклучување на родовата перспектива во управувањето со отпадот, бидејќи чистата животна средина е заедничка вредност и заедничка одговорност – потенцираат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ