петок, септември 11, 2026
Дома СКОПСКА Почна четвртото издание на „Сандевофест 2026“

Почна четвртото издание на „Сандевофест 2026“

1

Во Општина Чучер-Сандево, вечервa почнува четвртото издание на културно-забавната манифестација „Сандевофест 2026“, која и годинава ќе понуди богата програма со музички, културни и забавни содржини за сите генерации.

Организаторите велат дека во текот на двете фестивалски вечери посетителите ќе може да уживаат во разновидна програма, која вклучува детски содржини, фолклорни настапи, стендап-изведба, како и концерти на познати македонски и регионални музички имиња.

– На само петнаесетина километри од Скопје, во прекрасното опкружување на Скопска Црна Гора, денеска и утре ќе се одржи четвртото издание на „Сандевофест 2026“, културно-забавна манифестација што и годинава носи богата програма за сите генерации. Во текот на двете фестивалски вечери, посетителите ќе имаат можност да уживаат во спојот на традицијата и на современата забава – од детска програма и фолклор, преку стендап-настап, до концерти на познати македонски и регионални музички имиња – стои во соопштението од Општината.

Како што информираат, фестивалот има цел да ги поврзе различните генерации преку музиката и културата, но и да ги промовира природните, културните и традиционалните вредности на Општина Чучер-Сандево и подрачјето на Скопска Црна Гора.

ИЗДВОЕНИ