четврток, јуни 11, 2026
Дома СКОПСКА Почна акцијата за реконструкција на пешачите патеки во Скопје

Почна акцијата за реконструкција на пешачите патеки во Скопје

54

Град Скопје започна широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани. Ова преку социјалните мрежи го најави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, кој информираше дека активностите започнале на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот „Обединети нации“ до пешачкиот мост „Влае“, на површина од 1.200 квадратни метри.

– Оваа делница добива целосно нов лик: пешачка патека со ширина од четири метри, комплетно реконструирана и современо уредена, со нова подлога, подобрена пристапност, уредени рабници и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот. Важно е да се спомене дека токму оваа патека беше една од најбараните од граѓаните, имајќи предвид дека станува збор за исклучително фреквентна зона што со години беше во сериозно лоша состојба. Со оваа интервенција, конечно, им ставаме крај на сликите на запуштеност и небезбедност – истакна Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ќе се продолжи со интензивна реконструкција на пешачките патеки и велосипедската инфраструктура, но и со изградба на нови современи решенија, затоа што, како што наведе, скопјани заслужуваат функционален, уреден и европски град, што ги става луѓето и нивното секојдневие на прво место.

 

ИЗДВОЕНИ