Почина најстарата личност на светот- Бразилката Ина Канабаро Лукас живееше 117 години

81
Фото:пекселс

Бразилката која беше прогласена за најстара личност на светот, Ина Канабаро Лукас, почина на 117 години.

Таа почина во Конгрегацијата на сестрите Терезијан во Порто Алегре, каде што ги помина последните години, објави BFM.

Ина стана најстарата личност на светот по смртта на Јапонката Томико Итока во јануари, која исто така почина на 116 години.

Канабаро Лукас имаше 116 години и 326 дена во времето на нејзината смрт, објави Конгрегацијата на сестрите Терезијан.

Лукас е родена на 8 јуни 1908 година.

Таа ја започнала својата духовна кариера на 16 години кога влезе во училиштето на сестрите Терезијан, а на 26 години стана калуѓерка.

Во текот на својот живот, таа служела како учителка и секретарка, а во 2018 година, на речиси 110-годишна возраст, добила апостолски благослов од папата Франциск.

Лукас е втората најстара калуѓерка во историјата, по Французинката Лусил Рандон, која живеела 118 години.

По смртта на Лукас, најстарата личност во светот станала Англичанката Етел Катерхам, која моментално има 115 години и 252 дена, според Геронтолошката истражувачка група (GRG).

ИЗДВОЕНИ