По второто гласање во Бундестагот: Мерц избран за канцелар

24
EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Челникот на германските христијански демократи Фридрих Мерц победи во вториот круг од изборите за германски канцелар. Фридрих Мерц доби 325 гласови во вториот круг, 15 повеќе отколку во првиот круг, кога доби 310 гласови.

Мерц не успеа да го освои потребното мнозинство во Бундестагот во првиот круг од гласањето, што е неочекуван удар за неговата нова коалиција со социјалдемократите.

Мерц (69), кој ја предводеше Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ до федерална победа во февруари и се договори за коалиција со социјалдемократите (СПД), доби само 310 гласови во Долниот дом на парламентот, објави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер. Му беа потребни најмалку 316 гласови за да биде избран во првиот круг.

ИЗДВОЕНИ