Пет лица се спасени откако поминале 36 часа на авион, во мочуриште полно со алигатори во Амазон, по падот на авионот, соопштија локалните власти.
Малиот авион бил пронајден од локални рибари откако бил исчезнат 48 часа, објавува Би-би-си.
Спасени се три жени, едно дете и 29-годишниот пилот, кои, според директорот на центарот за итни операции во департманот Бени, Вилсон Авила, биле во „одлична состојба“.
Потрагата по авионот започна во четврток откако авионот исчезна од радарот во централна Боливија. Пилотот им изјави на медиумите дека авионот морал да изврши итно слетување во близина на реката Итаномас поради дефект на моторот.
Официјалните лица изјавија дека петте патници поминале часови на врвот од авионот, опкружени со алигатори кои се приближиле на три метри. Пилотот верувал дека истекувањето на гориво од авионот ги спречило алигаторите да им се приближат.
Додека чекале помош, јаделе брашно од тапиока што еден од патниците го донел со себе. Откако рибарите го пронашле авионот, преживеаните биле префрлени со хеликоптер во болница.