Првиот снег за оваа сезона падна на планината Голија, во општина Ивањица во Југозападна Србија. Според жителите на селата на Голија, снегот утрово паѓал интензивно, но не се задржувал на земјата поради високите температури на воздухот.
„Паѓа доста силно, но снегулките веднаш се топат. Навикнати сме на долги и студени зими, но снегот во септември сепак привлекува внимание“, велат мештаните.
Голија е позната по променливите временски услови, долгите зими и снежните врнежи што често се јавуваат и надвор од зимските месеци, пренесуваат локалните медиуми. Мештаните раскажуваат дека снег на планината е забележан речиси во секој месец од годината, со исклучок на јули.
View this post on Instagram












