недела, јули 12, 2026
Дома СВЕТ По кратка и ненадејна болест, почина сенаторот Линдзи Греам, доверлив сојузник на...

По кратка и ненадејна болест, почина сенаторот Линдзи Греам, доверлив сојузник на Трамп

0
Фото:википедија

Линдзи Греам, долгогодишен републикански сенатор од Јужна Каролина, почина во саботата навечер, објави неговата канцеларија утрово.

„Во саботата навечер, на 11 јули, американскиот сенатор Линдзи Греам почина по кратка и ненадејна болест. Семејството на сенаторот Греам ги цени вашите молитви во ова време и ве моли за приватност во ова исклучително тешко време“, се вели во соопштението, објави „Вашингтон пост“.

Греам, кој првпат беше избран во Претставничкиот дом во 1994 година и во Сенатот во 2002 година, се кандидира за реизбор оваа година.

Тој беше доверлив сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп по повеќето прашања, но имаше различни ставови со претседателот по некои области, како што е надворешната политика.

„Тој е извонреден. Долго време е со мене. Кога заврши таа борба, станавме најдобри пријатели и тој ми помогна исто колку и на кој било друг во Сенатот“, рече Трамп за Греам минатиот месец, признавајќи дека двајцата се бореле за републиканската претседателска номинација во 2016 година, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ