Тристотини деведесет и пет кревети се достапни во центрите за прием во итни случаи во пошироката област на Париз откако беше активирано црвеното временско предупредување за екстремни топлотни бранови, објавија француските медиуми во саботата, пренесува агенцијата „Бета“.
Сместувањето е наменето за најранливото население, а околу 60 кревети се наменети и за самохрани жени или жени со деца во просториите на префектурата Ил де Франс.
Повеќе од 20 тимови се распоредени за пренасочување на ранливите лица во дневни центри, соопшти префектурата.












