Планинска вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“

34

„Екосвест“ – Вевчани ги повикува сите љубители на планинскиот велосипедизам и природата на незаборавна велосипедска авантура, планинската вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“ која ќе се одржи на 6 јули 2025 година (недела), со почеток во 09:00 часот од центарот на Вевчани.

–По успешната тура минатата година со повеќе од 130 учесници, оваа година продолжуваме со уште повеќе ентузијазам – велат од „Екосвест“– Вевчани.
Маршутата на планинската вело тура ќе биде со старт од центарот на Вевчани, потоа, Вевчански Извори – Есејнца – Смолејца – Јанков Камен – Св. Климент – Горна Белица – Вевчанска Голина и назад преку Средни Рид до Вевчани. Вкупната должина на маршутата е 30 километри.

Освен тоа, има дополнителна можност за триесетминутно планинарење до глацијалното езеро „Вевчанска Локва“– бисерот на планината Јабланица.
За сите регистрирани учесници ќе бидат обезбедени: драјфит маица, освежување, ручек, но ќе има и добра дружба. Учеството на настанот е бесплатно, без котизација.

Настанот е организиран од Рупикапра МТБ Струга и „Екосвест“ Вевчани, со поддршка од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори“, спроведуван од „Екосвест“, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

ИЗДВОЕНИ