петок, август 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пијан турист од Полска приведен во Охрид: Правел хаос во угостителски објект

Пијан турист од Полска приведен во Охрид: Правел хаос во угостителски објект

261

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 05:10 часот привеле 21-годишен државјанин на Полска на улицата „Коста Абраш“ во Охрид.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Т.Н. бил приведен откако претходно, под дејство на алкохол, во угостителски објект го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ