Екипата на МЗТ Скопје продолжува да го засилува ростерот за новата сезона, а најново име во „Јане Сандански“ е 22-годишниот македонски репрезентативец Петар Бошалески.

Бошалески, кој игра на бековската позиција и е висок 197 сантиметри, потпиша договор со „металците“ и во новата сезона ќе настапува со нив на домашните натпреварувања, АБА2-лигата и во ФИБА Еврокупот.

Охриѓанецот ги помина сите младински репрезентативни селекции на Македонија, а летово го имаше и сениорското деби. Тој настапи на првите два натпревари за Македонија во првата фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Тој е третото македонско засилување за МЗТ ова лето, по повратниците Лука Стојановски и Никола Василевски. Покрај нив, во составот се и Американците Лесли Ворнер и Ноа Фарахан, Босанецот Емир Крајиниќ и Србинот Димитрије Николиќ. Во тимот, кој повторно ќе биде предводен од тренерот Васко Атанасов, остануваат и Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Андреј Маслинко и Андреј Андоноски.

ИЗДВОЕНИ