Опасноста од обнова на војната на Блискиот Исток не е елиминирана, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој изјави за порталот „Вести“ дека разговорите меѓу САД и Иран досега завршиле без резултати.
Коментирајќи ги најавите на САД дека ќе го блокираат Ормускиот теснец, Песков рече дека американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека ќе ги блокира иранските пристаништа.
„Што значи тоа и што ќе повлече – сè уште не разбираме“, нагласи Песков. Трамп денес се закани дека секој ирански брод, ако се приближи до блокадата на Ормутскиот теснец од страна на САД, ќе биде уништен.
„Иранската морнарица лежи на дното на морето, целосно уништена – 158 бродови. Она што не го погодивме беше нивниот мал број на она што го нарекуваат „брзи бродови за напад“, бидејќи не ги сметавме за голема закана. Предупредување: Доколку некој од овие бродови се приближи до нашата блокада, тие веднаш ќе бидат елиминирани“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, кратко откако започна најавената американска блокада на Ормускиот теснец.
Трамп претходно објави дека САД ќе ги блокираат бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа почнувајќи од денес во 10:00 часот источно време (16:00 часот по источно време).
Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека блокадата ќе се однесува на сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги пристаништата во Арапскиот Залив и Оманскиот Залив, и дека ќе се спроведува без оглед на земјата на потекло на бродовите.












