петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полицијата лиши од слобода возач од неготинско Пепелиште: Возејќи под дејство на...

Полицијата лиши од слобода возач од неготинско Пепелиште: Возејќи под дејство на алкохол и со мера забрана за управување, удрил во пешак

125

Возач од неготинско Пепелиште управувајќи патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, удрил во пешакот Р.М., на возраст од 62 години од истото село, кој се здобил со телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош – Неготино, појаснија од СВР – Велес.

На 12.04.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Д.(55) од село Пепелиште, неготинско. Тој управувајќи патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, удрил во пешакот Р.М.(62) од истото село, кој се здобил со телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Неготино.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Л.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.76 промили алкохол во крвта и возилото го управувал со активна забрана за управување возило.

По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

ИЗДВОЕНИ