Песков: САД и Русија се уште не успеале да ги усогласат ставовите за украинското прашање

34
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Американската и руската страна не успеаја да ги усогласат ставовите за украинското прашање, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Повикувајќи се на неименувани извори, западните медиуми претходно денеска објавија дека украинската делегација ќе одржи средба во Лондон со Кит Келог, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе РИА Новости.

„Во Лондон навистина се зборуваше за средба меѓу американскиот претставник и претставник на Украина за да може САД да продолжат со напорите за посредување. Колку што разбравме, сè уште не е можно да се усогласат позициите за некои прашања, и затоа оваа средба не се одржа. Нема веродостојни информации за новата посета на Стив Виткоф на Русија, бидејќи ситуацијата е многу флуидна што ги зголемува американските напори“, рече Песков и додаде дека САД ги предолжуваат своите посреднички напори, што Русија го поздравува.

ИЗДВОЕНИ