четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Песков ладно го одби Иран: Ова не е наша војна, ние го...

Песков ладно го одби Иран: Ова не е наша војна, ние го гледаме сопствениот интерес!

804
EPA/SERGEI ILNITSKY

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, официјално потврди дека Руската Федерација нема да влезе во војната на Блискиот Исток на страната на Иран, но дека ќе има корист од оваа војна.

Светот се прашуваше што ќе се случи и дали Русија ќе му помогне на Иран, нејзиниот близок сојузник, особено по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе направи сè за да го стабилизира регионот на Блискиот Исток.

Путин разговараше по телефон со бахреинскиот крал Хамад бин Иса ал Калифа во понеделник, 2 март. Тогаш му ја најави можноста за воена интервенција на бахреинскиот крал, но Песков сега официјално стави точка на тоа.

„Војната што моментално се води не е наша војна. Мора да го направиме она што е во согласност со нашите интереси. Мора да обезбедиме корист за себе, без разлика колку цинично звучи. Можеме ли да ја завршиме војната? Не, не можеме. Оној што ја започна може и да ја спречи“, рече Песков.

Русија и Иран се инаку блиски сојузници. Русија користи ирански „Шахид“ дронови за војната со Украина од крајот на 2022 година, но за Русија оваа војна ја зајакнува нејзината економија.

ИЗДВОЕНИ