среда, јуни 17, 2026
Дома СВЕТ Песков: Европа тоне во длабока криза

Песков: Европа тоне во длабока криза

162
Фото: EPA/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека кризата во Европа се продлабочува и ги опфаќа економските, безбедносните и идентитетските сфери.

„Кризата во Европа се влошува. Ова се економски кризи, егзистенцијални кризи, криза во безбедносниот сектор и најважно – криза во разбирањето на себеси и своите основни ориентации“, изјави Песков пред новинарите, објави „Спутник“.

Тој оцени дека прогласувањето на Русија за главна закана за опстанокот на Европа е неразумно и погрешно.

„Русија не може да биде главна закана за Европа, бидејќи Русија, без разлика што некој вели, како евроазиска држава е сè уште неразделен, составен дел од Европа“, нагласи Песков.

Тој рече дека сегашните европски политичари ќе мора да отстапат место на други политички сили.

„Очигледно е дека ќе мора да отстапат место на други политички сили. А какви политички сили ќе бидат тие? Германија е најголемата европска земја со силна економија и многу дисциплинирано општество. Не би се осмелил да кажам каде ќе оди сè сега“, рече Песков.

Тој потсети дека во историјата имало случаи кога реваншистите доаѓале на власт барајќи одмазда за годините понижување на земјата.

Пред неколку дена, Германија официјално усвои воена стратегија за прв пат во својата историја, во која Русија е означена како „главна закана“, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ