недела, ноември 1, 2026
Дома СКОПСКА Отстранети нелегалните улични продавачи кај Клиничкиот центар, Зелениот пазар и кај Буњаковец

Отстранети нелегалните улични продавачи кај Клиничкиот центар, Зелениот пазар и кај Буњаковец

1

Инспекторатот на Град Скопје, во координирана акција и соработка со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Инспекторатот на Општина Центар, спроведе контроли на неколку локации на територијата на градот.

Во рамките на акцијата беа отстранети нелегалните улични продавачи на локациите кај Клиничкиот центар, Зелениот пазар и кај Буњаковец.

– Целта на акцијата е воспоставување комунален ред, спречување на нелегалната трговија, заштита на јавните површини и обезбедување еднакви услови за сите легални трговци – соопштија од Инспекторатот на Град Скопје.

Оттаму додаваат дека нема да се дозволи да се узурпираат и да се користат јавните површини за нелегална продажба. Притоа, најавуваат дека ќе продолжат контролите и координираните инспекциски активности и во наредниот период.

 

ИЗДВОЕНИ