Фолк-пејачката Анета Љумаковска (поранешна Мицеска), која воедно летово победи на фестивалот „Охридски трубадури“, повторно им докажа на сите (а, на болно завидливите им ја затвори устата) колку е силно вљубена во својот (втор по ред) сопруг, Рубин Размо. Таа јавно му го честиташе роденденот со јасна емотивна порака:
– Ти посакувам здравје, среќа и многу убави години пред нас. А, јас… само сакам да бидам покрај тебе и годините да ги доживееме заедно. Те сакам! – вели вљубената Анета.
Инаку, тие во мај оваа година официјално стапија во брак, откако се разведе таа од музичарот Џими Мицески, со кого настапуваше заедно во групата „Молика“ и со кого ја има ќерката Моника. Вториот сопруг на Анета е саксофонист, кој, исто така, има свирено во „Молика“. (Д. М.)












