среда, септември 30, 2026
Дома СВЕТ Патникот-херој му раскажа на Нетанјаху како спречил трагедија на Флајдубаи: „Ја вратив...

Патникот-херој му раскажа на Нетанјаху како спречил трагедија на Флајдубаи: „Ја вратив контролата врз авионот благодарение на ТВ-серија“/ВИДЕО

0

Патникот на „Флајдубаи“ (Flydubai), Јанив Хајун, му раскажа на израелскиот премиер како тој и другите патници го совладале наводниот напаѓач во авионот. Хајун изјави дека го фатил човекот за врат и го извлекол од пилотската кабина, а потоа се вратил и ја презел контролата врз леталото.

Копилотот на лет на „Флајдубаи“ од Дубаи кон Тел Авив денес се обидел да го урне авионот откако го нападнал пилотот со нож, но патниците го совладале, додека други пилоти безбедно го приземјиле леталото во Саудиска Арабија, соопштија претходно денес израелските власти.

Хајун се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата и го опиша обидот за влегување во пилотската кабина. Тој рече дека избодениот пилот ja блокирал вратата, што во почетокот го отежнувало нејзиното отворање.

Тој изјави дека по влегувањето во пилотската кабина, го видел напаѓачот врз централната конзола меѓу двете седишта.

„На седиштата немаше пилоти: едниот беше на подот, а другиот врз [конзолата]“, рече Хајун, додавајќи дека изгледало оти човекот се обидувал да го „онеспособи авионот“.

„Повикав неколку Израелци од авионот и дојдоа уште двајца. Го притиснавме на подот“, рече Хајун. „Се вратив назад, ги фатив командите и почнав да ги влечам рачките.“

Хајун рече дека сè се случило за само неколку секунди.

„Претпоставувам дека немаше добро да заврши ако навлезевме во израелскиот воздушен простор“, му рече тој на Нетанјаху.

Кога го прашаа како знаел кои рачки да ги повлече за да помогне во враќањето на контролата врз авионот, тој заслугата му ја припиша на една телевизиска серија.

„Ја гледам серијата *Air Crash Investigation* (Истрага за авионски несреќи), господине премиер – навистина!“, рече Хајун.

Нетанјаху го откри идентитетот на избодениот пилот
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху откри дека пилотот на „Флајдубаи“ (Flydubai), кој беше избоден за време на летот, е Смит Мачар од Индија.

Нетанјаху го пофали капетанот, нарекувајќи го „вистински херој“ и истакнувајќи дека покажал „исклучителна храброст“ и ги спасил животите на 174 луѓе.

„И покрај тоа што беше избоден и тешко повреден, тој се бореше, се спротивстави на напаѓачот, ја отвори вратата од пилотската кабина и им овозможи на патниците и членовите на екипажот да го совладаат напаѓачот – со што спречи катастрофална несреќа во воздух“, напиша Нетанјаху на социјалните мрежи.

ИЗДВОЕНИ