Се уредува просторот зад зградата на СВР Битола, односно парцелата што беше неорганизирана земјена површина.
Од Општина Битола информираат дека партерното уредување е со бехатон плочки и е на површина од околу 800 квадратни метри, а проектот вклучува и решение на канализацијата, односно преку собирни одводни решетки, ќе се одведува насобраната атмосферска вода од партнерната површина.
Вкупната сума за реализација на овој проект е околу 2,3 милиони денари, a изведувач на работите е ЈП „Нискоградба“.
– Општина Битола ќе продолжи со уредувањето и на другите простори од каде што беа отстранети гаражи и ќе се направат нови паркинг- простори кај Овчи пазар, Ат-пазар, местото викано Хеликоптерот, Кифлата и во близина на Дрвен пазар – најавија од локалната самоуправа.












