Регулаторната комисија за енергетика одлучи парното греење за корисниците во Скопје да поскапи од 1. август.
За корисниците на ЕСМ Снабдување зголемувањето е 5,96, за корисниците на ЕСМ Енергетика или т.н |елезарско парно поскапувањето е 5,18 проценти, а за корисниците на ЕнергоЕколог – поранешно Скопје Север, покачувањето е 3,65 проценти.
Според пресметките на РКЕ за просечен стан од 60 метри квадратни зголемувањето ќе биде 140 денари.
И со овие покачени цени според директорот на РКЕ Ацо Ристов и натаму сме со најниски цени во регионот во однос на толинската енергија.
Денеска е донесена одлука и за зголемување на цената на горивата и тоа 3 денари за бензините и 4,5 денари за дизел горивото.












