Новозеланѓанецот Џозеф Паркер повторно доби дозвола да се врати во боксерскиот ринг по тримесечната суспензија поради позитивниот допинг-тест на кокаин. Тој падна на тестирањето ден по поразот од Фабио Вордли, но избегна многу построга казна благодарение на објаснувањето за начинот на кој наводно стигнала супстанцијата во неговиот организам. Тврдеше дека бил внесен кокаинот без негова намера, преку неговиот нутриционист.

Британската антидопинг-агенција (УКАД) ги разгледа доказите и потврди дека официјално завршила суспензијата.

  • На 6 март 2026 година, г. Паркер ни достави докази дека бил изложен затоа што неговиот нутриционист користел кокаин додека се подготвувал за борбата – соопшти УКАД.

Нутриционистот наводно признал во својата изјава дека редовно користел кокаин во неделите пред борбата.

Објаснувањето предизвика бројни реакции во боксерската јавност, а многумина се скептични дека можело на ваков начин да се дојде до позитивен допинг-тест. Сепак, одлуката е донесена и Паркер повторно може да се натпреварува. Ова не е првпат поранешниот светски шампион во тешка категорија да се најде во проблеми поврзани со допингот.

Во професионалната кариера, тој има скор од 36 победи и четири порази, а светската титула ја загуби во борбата против Ентони Џошуа. Сега повторно е слободен да се врати во рингот и да ја продолжи кариерата.

ИЗДВОЕНИ