Папата Лав XIV го назначи надбискупот Кац за амбасадор на Ватикан во Соединетите Американски ДржавиПапата Лав XIV денес го назначи италијанскиот надбискуп Габриеле Кац за нов амбасадор на Ватикан во Соединетите Американски Држави.
Кац (68) моментално е амбасадор на Ватикан во Обединетите нации во Њујорк, а како апостолски нунциј во Вашингтон, тој ќе го замени кардиналот роден во Франција Кристоф Пјер (80), кој се пензионира, објави „АП“.
Кац беше амбасадор на Ватикан во Либан и Филипините пред да биде назначен за амбасадор во ОН во 2019 година.
Лав XIV е првиот папа во историјата што е роден во САД и постојано инсистираше дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп треба да го почитува човечкото достоинство на мигрантите.
Папата, исто така, изрази длабока загриженост за американско-израелската војна во Иран и ги повика двете страни да „го спречат спиралата на насилство“, и нагласи дека се спротивставува на агресивната употреба на воена сила од страна на САД, пренесува „Танјуг“.












