
Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), откри дека раководните лица се сериозно загрижени кога е во прашање клупската иднина на англискиот интернационалец Хари Кејн. Искусниот напаѓач има договор со баварскиот клуб до 2027 година и преговара за нов договор, но челниците се загрижени поради фактот дека Кејн може да почне да размислува поинаку доколку добие богата понуда од Саудиска Арабија.











