среда, септември 30, 2026
Дома МАГАЗИН Паметен сообраќај во Австрија: Семафори со ВИ ги препознаваат пешаците и го...

Паметен сообраќај во Австрија: Семафори со ВИ ги препознаваат пешаците и го прилагодуваат зеленото светло

0

Виена постепено воведува семафори со вештачка интелигенција кои можат да препознаат колку луѓе чекаат за да ја преминат улицата, но и да проценат колку време им е потребно да ја преминат. Врз основа на тоа, системот може да времетраењето на зеленото светло.

Во австриската престолнина постојат околу 200 семафори со копче за пешаци и велосипедисти, а од 2019 година тие постепено се опремуваат со системи кои користат вештачка интелигенција. Во моментов во градот има околу 30, додека планот е во наредните години сите семафори од овој тип да добијат АИ систем, соопштено е од Канцеларијата на Градот Виена во Сараево.

Системот со помош на камери и сензори го следи просторот од околу 30 квадратни метри пред семафорот. Вештачката интелигенција препознава колку луѓе чекаат, кој има намера да ја премине улицата и колку време би можело да биде потребно за преминувањето.

Посебно се земаат предвид лицата на кои им е потребно повеќе време. Системот може да препознае инвалидска количка, детска количка и помагала за одење. Ако, на пример, регистрира лице кое користи патерица, може автоматски да го продолжи зеленото светло.

На тој начин семафорот не користи секогаш исто однапред одредено време за преминување, туку се прилагодува на вистинската ситуација на раскрсницата. Од виенската градска управа наведуваат дека ваквите системи можат да придонесат за побезбеден и поинклузивен сообраќај, но и за негово поефикасно одвивање.

Системот е развиен на Техничкиот универзитет во Грац, а од декември 2024 година во употреба е неговата втора, унапредена генерација. Поголемата компјутерска моќност и моделот за длабоко учење овозможуваат, меѓу другото, препознавање на лица со намалена мобилност и истовремено следење на повеќе пешачки премини.

Следниот чекор е вклучување на јавниот превоз. На Техничкиот универзитет во Грац во моментов истражуваат како трамваите и автобусите би можеле подобро да се интегрираат во системот, за „паметните“ семафори во иднина да можат уште поефикасно да управуваат со сообраќајот.

ИЗДВОЕНИ