Сопственикот на ПСЖ, Насер ал Келаифи, се најде под истрага поради сомневање за судир на интереси. Според „Л‘Епип“, француските власти проверуваат дали катарскиот бизнисмен го прекршил законот при доделувањето на телевизиските права за натпреварите од Лига 1.

Истрагата се однесува на неговата медиумска компанија beIN, која во 2024 година ги обезбеди правата за пренос на француското првенство. Постојат сомневања дека Ал Келаифи вршел притисок врз претседатели на клубови за да влијае врз одлуката на Професионалната фудбалска лига.

Случајот привлече дополнително внимание поради неговите бројни функции во европскиот фудбал. Покрај ПСЖ и beIN, Ал Келаифи е на чело и на „Катар спортс инвестменс“ и на Европската асоцијација на клубови. Тој, исто така, е член на Извршниот комитет на УЕФА.

Засега станува збор за истрага и нема правосилна одлука дека Ал Келаифи сторил кривично дело.

ИЗДВОЕНИ