недела, септември 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Ќафасан“ при гранична контрола приложил...

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Ќафасан“ при гранична контрола приложил фалсификувани документи

0

Од МВР информираат дека е уапсен странски државјанин на ГП „Ќафасан“, поради употреба на фалсификувани документи.

На 18.09.2026 година, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Ш.(38), кој при гранична контрола приложил фалсификувани документи, со кои се претставил како италијански државјанин.

Околу 17:30 часот, при излез од Македонија со патничко моторно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, од страна на полициски службеници била извршена гранична контрола, при што било констатирано дека лицето приложило фалсификувани документи – патна исправа, возачка дозвола и лична карта.

По консултација со јавен обвинител, против лицето е поднесена кривична пријава по член 378 од Кривичниот законик – „фалсификување исправа“.

ИЗДВОЕНИ