Појавата на младата ѕвезда на Далас маверикс, Купер Флег, ја отвори дебатата за тоа кој ќе биде новото лице на НБА, но изјавата на поранешниот кошаркар Чарли Вилануева предизвика вистинска бура. Во поткастот „Ту д Баха“, тој изјави дека не верува оти бел кошаркар може да стане главно заштитно лице на најсилната лига во светот во 2026 година.

  • Можеби звучи лудо, но искрено, не мислам дека некој белец може да биде лицето на лигата во 2026 година – порача тој.

Неговата изјава веднаш наиде на реакции кај другите учесници, а поранешниот НБА-играч Тео Пинсон жестоко му се спротивстави, отворајќи го прашањето за расната застапеност во лигата.

Вилануева смета дека доколку Флег не ја добие таа улога, предност би можеле да имаат европските ѕвезди Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Виктор Вембањама и Јанис Адетокумбо.

Од друга страна, Тадеус Јанг како можен наследник на досегашните големи ѕвезди го посочи Ентони Едвардс од Минесота, но смета дека тој треба дополнително да ги подобри своите комуникациски вештини и настапите пред медиумите. Дебатата за новото лице на НБА, очигледно, доби и неочекувана расна димензија.

ИЗДВОЕНИ