понеделник, јуни 15, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Отворањето на Ормускиот теснец ги намали цените на нафтата и полека ги...

Отворањето на Ормускиот теснец ги намали цените на нафтата и полека ги смирува инфлаторните притисоци

51

На денешното отворање на американските берзи, акциите пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за прекин на конфликтот меѓу САД и Иран, а цените на нафтата паднаа поради објавувањето на повторното отворање на Ормускиот теснец.

Индексот Dow Jones порасна за повеќе од 630 поени, или 1,2 проценти, S&P 500 за 1,6 проценти, а Nasdaq за 2,4 проценти, објави „Си-ен-би-си“.

Акциите на „СпејсИкс“ скокнаа за повеќе од 6 проценти, откако пораснаа за 19 проценти на нивното деби на берзата минатиот петок.

Трамп доцна синоќа објави дека договорот со Иран е завршен, додека пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека се очекува меморандум за разбирање да биде потпишан во Швајцарија во петок.

Оптимизмот на инвеститорите беше дополнително поттикнат од одлуката на Трамп повторно да го отвори Ормускиот теснец, еден од клучните светски патни правци за превоз на нафта.

По објавата, цената на американската сурова нафта падна за околу 5 проценти, на околу 80 долари за барел.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, додаде дека очекува Ормускиот теснец да остане отворен на долг рок без дополнителни транзитни такси.

Брајан Малбери, главен пазарен стратег во „Закс инвестмент менаџмент“, рече дека падот на цените на нафтата ги намалува инфлациските притисоци и ја намалува потребата од зголемување на каматните стапки.

Според податоците од алатката „Федвоч“ на CME, пазарите проценуваат дека постои веројатност од повеќе од 98 проценти дека американските каматни стапки ќе останат непроменети до крајот на годината, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ