сабота, јули 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Отстрането големо количество отпад од дното на Охридското Езеро, кај Градиште

Отстрането големо количество отпад од дното на Охридското Езеро, кај Градиште

107

Овој викенд, нуркачкиот центар „Амфора“ реализираше успешна еколошка акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад. Притоа, било отстрането големо количество отпад од дното на езерото.

– Овој викенд, подводниот свет на Охридско Езеро, со централна локација во автокампот „Градиште“, беше почист и побезбеден благодарение на големата регионална еколошка акција. Во акцијата се обединија 80-мина нуркачи со заедничка мисија: заштита на едно од најстарите и највредни природни богатства во Европа. Уште еднаш покажавме дека регионалната соработка може да направи вистинска разлика за природата и за идните генерации – потенцираа од „Амфора“.

 

ИЗДВОЕНИ