сабота, февруари 14, 2026
Дома СКОПСКА Отстранети 50 кубни метри непрописно одложен отпад во текот на новогодишната ноќ

Отстранети 50 кубни метри непрописно одложен отпад во текот на новогодишната ноќ

58

Јавното претпријатие Комунална Хигиена и во текот на новогодишната ноќ реализираше активности за одржување на хигиената и чистотата на јавните површини во градот Скопје, како и празнење на поставените садови за одлагање комунален отпад.

-Веднаш по завршувањето на новогодишната прослава на плоштадот
„Македонија“, екипите на претпријатието извршија целосно расчистување на просторот на плоштадот, улицата „Македонија“ и пешачките мостови во централното градско подрачје, во чиишто рамки беа подигнати и транспортирани 20 кубни метри ситни отпадоци одложени на јавни површини – соопштија од ЈП Комунална Хигиена.

Оттаму додаваат дека во текот на новодишната ноќ биле отстранети и приближно 30 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Гази Баба и Карпош.
-Интервенирано е на улицата „Душан Тасковиќ“, во населбата Железара, како и на булеварот „Илинден“, во непосредна близина на комплексот „Мида“.

ИЗДВОЕНИ