
Лондонскиот премиерлигаш Челзи се најде во големи проблеми пред дуелот со Брајтон, кој го загуби со убедливи 3:0, бидејќи Кол Палмер и Жоао Педро не беа достапни за овој првенствен натпревар. Сепак, следбениците на фризерот на Марко Кукурела беа известени за таквата информација неколку часа пред менаџерот Лиам Росениор да го потврди почетниот состав за дуелот против „морските галеби“.
На профилот @Rileyeagles на социјалната мрежа „Икс“ во, вторникот, беше објавено: „Палмер и Жоао Педро се повредени за вечерва. Еве ја вашата ексклузива“, означувајќи неколку добро познати профили посветени на „Фантази Премиер лигата“. Објавата беше придружена со фотографија од задниот дел од главата на шпанскиот дефанзивец Кукурела, исечен со електричен брич.
Репрезентативецот на Англија го пропушти натпреварот поради повреда на тетивата, иако го одигра целиот натпревар против Манчестер јунајтед изминатиот викенд, додека репрезентативецот на Бразил не беше во комбинација за дуелот на „Олд Трафорд“.
Новото протекување на информации од соблекувалната на Челзи доаѓа откако Росениор, минатиот месец, потврди дека е идентификуван „крт“ кој однапред на медиумите им го дал информациите за почетните состави за двата европски натпревари против ПСЖ.
„Знаеме кој е тоа“, рече Росениор на прес-конференција пред натпреварот со Евертон.
„Немаше никаква зла намера кон мене или кон тимот. Знаеме од каде доаѓаат информациите и ја решивме ситуацијата, додаде стручњакот кој не сакаше да го открие името на „кртот“.











