вторник, ноември 10, 2026
Дома СВЕТ Остра порака на Лавров: Нема да се согласиме на примирје, без да...

Остра порака на Лавров: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што понатаму!

0
EPA/RAMIL SITDIKOV

Русија нема да се согласи на уште едно примирје во украинската криза без јасно разбирање за тоа што ќе се случи понатаму, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Нема да се согласиме на уште еден прекин на огнот – уште едно примирје, како и да го наречете – без да знаеме што следува потоа“, рече Лавров, пренесува РИА Новости.

Според него, до конфликтот дошло бидејќи режимот во Киев категорично одбил да ги спроведе договорите за колективна безбедност, потпишани во 2014 година.

„Сето ова беше тактика на режимот во Киев. Тие немаа намера да преземат ништо, а нивните западни господари ја поттикнуваа нивната саботажа на договорите“, додаде тој.

Според него, Русија нема да прифати прекин на огнот, бидејќи Европејците се обидуваат да добијат време за Украинците – време што тие имаат намера да го искористат за некако да се опорават од воените загуби што ги претрпеа.

ИЗДВОЕНИ