
„Златната топка“ на Франс фудбал за најдобриот фудбалер во светот за сезоната 2025/2026 ќе биде доделена на 26 октомври, а имињата на тројцата главни кандидати за овој трофеј се веќе познати.
Французинот Осман Дембеле, добитникот од минатата сезона, повторно ќе биде кандидат за наградата. Тој ќе го најде своето место на листата, но тешко е да се очекува дека повторно ќе биде на врвот со оглед на тоа што имаше повреда што го спречи да ги повтори игрите од минатата сезона.
Сепак, може да се случи Французинот да експлодира на самиот крај од сезоната и ако тоа се случи, со повторното освојување на трофејот од страна на ПСЖ, би можел да се врати на врвот, но оваа сезона конкуренцијата е многу поголема отколку минатата година кога покрај себе го имаше само Ламин Јамал.
Репрезентативецот на Шпанија повторно е меѓу кандидатите за најдобар во светот, но откако Барселона остана без трофеј во Лигата на шампионите, тешко е да се очекува дека освојувањето на Ла Лига ќе биде доволно за наградата, особено кога знаете каква сезона играат неговите ривали во борбата за трофејот.
Се очекува во потесниот список да бидат дуото на Баерн (М), Мајкл Олисе и Хари Кејн. Французинот е во низа од 18 гола и 29 асистенции во 43 настапи, а Баерн (М) е во игра за сите трофеи и не е ни чудо што крилниот напаѓач ќе биде во потесниот список за наградата и е еден од фаворитите.
Се чини дека Олисе за противник ќе го има соиграчот Хари Кејн, кој сезонава веќе постигна 50 гола и додаде шест асистенции на 42 натпревари. Многумина се убедени дека тој ќе биде прогласен за најдобар во светот без оглед на тоа што ќе се случи во Лигата на шампионите.
Баерн (М) стигна до полуфиналето, следно е пресметка со ПСЖ, а пласманот во финалето веројатно би ја запечатило приказната за „Златната топка“.
Дали ќе биде Олисе како симбол на новиот бран или Кејн како крал на голгетерите, ќе дознаеме на 26 октомври, кога името на новиот најдобар играч во светот официјално ќе биде запишано во историјата, но никој не смее да го заборави Светското првенство во САД, Мексико и Канда.
Пласманот на Франција, Шпанија и Англија, може лесно да се покаже како клучен кога е во прашање добитникот на „Златната топка“.











