вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Трамп сака да лета на Месечината/ВИДЕО

Трамп сака да лета на Месечината/ВИДЕО

94
EPA/KEN CEDENO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Белата куќа ги угости астронаутите од „Артемис II“, кои неодамна успешно ја обиколија Месечината и поставија нов рекорд за поминато растојание од Земјата.

За време на приемот, Трамп нагласи дека е исклучително горд на екипажот и додаде дека и самиот би бил способен за сличен подвиг, тврдејќи дека е во „одлична физичка форма“.

Командантот на мисијата Рид Вајзман, пилотот Виктор Гловер и астронаутите Кристина Кох и Џереми Хансен учествуваа во мисијата што го надмина рекордот поставен за време на легендарната мисија Аполо 13 во 1970 година. Екипажот патуваше околу 250.000 милји (повеќе од 400.000 километри) од Земјата.

Капсулата „Орион“ успешно ја заврши мисијата и слета во Тихиот Океан на 10 април, потврдувајќи го успехот на овој историски лет.

Иако претходно беше најавен план за намалување на буџетот на НАСА, Белата куќа во исто време нагласува продолжување на амбициозните вселенски проекти и истражувања.

ИЗДВОЕНИ