Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ одреди притвор до 30 дена за Сашка Стојановска (43) од Скопје, поради основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, перенесуваат црногорските медиуми.
„Имено, по основано сомнение, осомничената со возило прегазила и убила куче од расата Шарпланинац“, објави Основниот суд во Улцињ.
Таа е осомничена за сторено кривично дело по член 309, став 1 од Кривичниот законик на Црна Гора, во кој се наведува дека „тој што, спротивно на прописите, ќе убие, повреди, мачи или на друг начин ќе малтретира животно, ќе се казни со парична казна или затвор до две години“.
Како што заклучуваат во соопштението, на осомничениот му е одреден притвор во саботата, врз основа на член 448, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка поради постоење околности што јасно укажуваат на ризик дека, доколку биде ослободен, осомничениот би можел да избега и со тоа да го попречи понатамошниот тек на постапката.
Стојановска беше уапсена во петокот под сомнение дека прегазила куче со автомобил во Улцињ и го усмртила.
„По извршувањето на кривичното дело, таа имала намера да ја напушти територијата на нашата земја, но полицијата ја спречила во тоа“, соопшти претходно полицијата.












