четврток, ноември 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ОРКАНСКИ ВЕТЕР СО УДАРИ ДО 100 КМ/ЧАС ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА: Попоски предупредува...

ОРКАНСКИ ВЕТЕР СО УДАРИ ДО 100 КМ/ЧАС ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА: Попоски предупредува на опасност од материјални штети и апелира на внимателност

0

Поради преместување на моќен циклонски систем северно од нас, односно од Џенова истиот ќе се преместува кон источните предели на Европскиот Континент. Во центарот на овој моќен циклон воздушниот притисок ќе биде многу низок и ќе изнесува дури 987 хехтопаскали.

Во ваква ситуација во Македонија на ден четврток (19 ноември) особено во вечерните часови и во текот на ноќта кон денот петок (20 ноември) ќе дува засилен до силен, а особено во западните предели повремено бурен и оркански ветер од западен и од југозападен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од 80 до 100 км/час. Токму поради ваквата метеоролошка ситуација, апелирам граѓаните да бидат крајно внимателни каде се движат или без потреба да не излегуваат од своите домови, исто така на граѓаните ги апелирам навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат под или во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени. Ваквата метеоролошка ситуација во Македонија може да предизвика и материјални штети, и тоа поради очекуваниот силен, бурен и оркански ветер.

Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе дува засилен до силен ветер од јужен и од југозападен, а потоа и од западен правец кој во делови од регионот и од котлината повремено ќе достигнува брзина до околу или над 60 км/час.

Особено во западните предели ќе има нови пообилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени и со појава на грмежи, а локално послаби врнежи од дожд може да има и во останатите предели од Македонија. Во западните предели ќе наврне ново позначително количество на воден талог (локално до околу или над 20 литри на метар квадратен воден талог). Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе има услови за повремен локален дожд но со послаб интензитет.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат значително над просекот за ноември, и тие ќе бидат за 6 до 8, а локално дури и за 10 степени повисоки од просечните за ноември и тие денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени, а во Скопје и околината максималната температура денес ќе се искачи до околу 20 степени, најави Попоски.

ИЗДВОЕНИ