Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, денес изјави дека ќе го врати парламентарниот мандат што неговата партија Фидес го освои на парламентарните избори.
Орбан, кој е и претседател на партијата Фидес, рече дека претпочита да ја троши својата енергија на реорганизација на „националната партија“ отколку да седи во парламентот, објави МТИ.
Унгарија одржа избори на 12 април, на кои Фидес освои помалку од една третина од местата во парламентот, со што заврши шеснаесетгодишното владеење на Орбан.











