петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Општина Битола на врвот по транспарентност, отчетност, интегритет

Општина Битола на врвот по транспарентност, отчетност, интегритет

61

Со процент на исполнетост на критериумите од 78,31 %, Општина Битола се наоѓа на третото место според извештајот од спроведеното следење на примената на системот за интегритет за 2025 година на Државната комисија за спречување корупција.

– Во извештајот што го објави Државната комисија за спречување корупција се укажува дека редовното и проактивното информирање на јавноста претставува значаен инструмент за јакнење на институционалниот интегритет и за промовирање на култура на нетолеранција кон корупцијата – нагласуваат од Општина Битола.

Оттаму соопштија дека со Извештајот се опфатени институции на државно и на локално ниво.

– Во мониторираните општини е и Општина Битола, со добро ниво на усогласеност. Таа е на трето место, а тоа значи дека нивоата добро и многу добро, односно резултат од над 60 проценти исполнетост на утврдените критериуми, се смета за индикатор дека општината има воспоставено и имплементирано функционален систем на интегритет, со основни механизми кои се применуваат во практиката – објаснија општинските власти.

Притоа, додаваат дека воспоставувањето на системот за интегритет ги опфаќа обврските што претставуваат основа за функционална имплементација: анализа на институционалните потреби, мапирање и процена на ризици од корупција, донесување интерни правила и уредување на клучните области (судир на интереси, подароци, укажување, транспарентност итн).

Од Општина Битола потсетуваат дека во последниот извештај таа била најтранспарентна општина меѓу најголемите во државата според „Транспаренси интернешенал – Македонија“, претходно најтранспарентна општина според Центарот за граѓански комуникации, а била и на прво место според индексот на отвореност, според истражувањето на фондацијата „Метармофозис“. Воедно, била со подобрена буџетска транспарентност и пример за отчетност кон граѓаните според „УСАИД“, а во 2022 година биле на врвот на ранг-листата од општините според активната транспарентност прогласена од Центарот за граѓански комуникации.

 

ИЗДВОЕНИ