вторник, септември 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Општина Новаци ќе им ја плати школарината на бруцошите

Општина Новаци ќе им ја плати школарината на бруцошите

11

Општина Новаци ќе им ја плати школарината на сите студенти од општината од прва година запишани на државните универзитети, прв циклус на студии.

Од локалнатa самоуправа информираа дека со финансиската поддршка на идните бруцоши продолжува веќе востановената практика да се помагаат идните академски граѓани.

– Со оваа мерка продолжуваме да вложуваме во младите, образованието и иднината на нашата општина. Заедно вложуваме во знаење. Заедно градиме иднина – истакна градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.

Инаку, Општина Новаци, додели и еднократна финансиска поддршка во висина од 6.000 денари на сите ученици во основното образование, а по 10.000 денари за секое прваче што беше запишано во училиштата на подрачјето на општината.

 

ИЗДВОЕНИ