
Поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија, Геза Јешенцки, го обвинува премиерот Виктор Орбан за планирање напади што би можеле да ѝ се припишат на Украина, пишува „Тајмс“.
– Тој сака да ги убеди луѓето дека има реална закана од војна, од која само тој може да ги спаси. Многумина од нас се плашат дека зад континуираната хистерија може да стои намера да се користи некаков вид лажна операција за да се тврди, целосно неосновано, дека Украина се заканува и евентуално ја напаѓа Унгарија – рече Јашенцки.
Орбан минатата недела изјави дека Украина подготвува понатамошни акции за нарушување на функционирањето на унгарскиот енергетски систем, па затоа наредил распоредување војници и опрема за одбивање напади во близина на клучните енергетски објекти. Исто така, на своите гласачи им рече дека ќе бидат принудени да се борат во Украина ако ја изберат проевропската опозициска партија Тиса, која води на анкетите пред неговата партија Фидес.
Најновите анкети пред парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април, покажуваат предност на Тиса со 49 проценти пред партијата Фидес, која има поддршка од 7 проценти од гласачите.











