
Иако немаше некоја позначајна улога во изминатата сезона, одличниот играч за врска од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Дани Олмо, не планира да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок. Репрезентативецот на Шпанија доби неколку примамливи понуди од Премиер лигата и Саудиска Арабија, но истите ги одби со образложени дека е среќен на „Ноу Камп“.











