Тензиите меѓу Олимпијакос и Панатинаикос достигнаа ново ниво по вториот натпревар од финалната серија во грчкото кошаркарско првенство. По победата на Панатинаикос и израмнувањето на 1-1 во серијата, во центарот на вниманието се најде сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос. Тој влезе на теренот незадоволен од судиските одлуки, што предизвика бурни реакции и нова ескалација на ривалството меѓу двата клуба. Олимпијакос веднаш реагираше и поднесе официјална жалба до надлежните органи.
Според соопштението на клубот од Пиреја, се бара еден натпревар на Панатинаикос без публика, парична казна од 100.000 евра за Јанакопулос и дури петгодишна забрана за негово присуство на спортски натпревари.
Случајот дополнително ја вжешти атмосферата во пресрет на следните финални натпревари, а одлуката на надлежните институции се очекува со големо внимание во грчката спортска јавност.











