среда, октомври 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА  Охрид по 11 години ќе добие базен

 Охрид по 11 години ќе добие базен

15

По речиси 11 години од почетокот на изградбата, Охрид, конечно, ќе го добие затворениот базен откако Владата, на последната седница, ја усвои одлуката со која се овозможува продолжување и завршување на проектот, соопшти Министерството за спорт.

За целосно довршување на објектот се обезбедени 470 милиони денари, а од Министерството наведуваат дека со тоа се надминува долгогодишниот застој на еден од најзначајните спортски инфраструктурни проекти во градот.

Според Министерството, по преземањето на надлежностите биле спроведени темелна анализа и ревизија на проектот со цел да се утврдат техничките, финансиските и административните пречки што го оневозможувале неговото завршување. По ревизијата биле преземени конкретни мерки за надминување на проблемите, меѓу кои и измена на основниот проект, со што се создаваат услови градежните работи да продолжат.

Од ресорното Mинистерство оценуваат дека затворениот базен е инвестиција од големо значење за Охрид и за развојот на пливачките спортови во државата, бидејќи ќе обезбеди современи услови за  тренинг, развој на младите категории и за организирање натпревари.

 

ИЗДВОЕНИ