Голем пожар избувна во вторникот, околу 13:45 часот, на Големата плажа во Улцињ. Пожарникарите брзо пристигнаа на местото на настанот и се обидоа да го стават пожарот под контрола, но напорите за гаснење беа отежнати од силниот ветер што го ширеше огнот.
Според извештаите на црногорските медиуми, пожарот стигнал и до плажата „Кабо Бич“, каде што била уништена половина од плажниот инвентар, но ресторанот на таа локација бил спасен.
Екипи од Бар и Будва пристигнаа за да им помогнат на пожарникарите од Улцињ.
Уништени се чадори за сонце, лежалки и натстрешници на плажата, пренесува Б92.
Пожарникари од Будва се распоредени за да ја штитат плажата „Хавана Бич“, додека екипи од Бар ја обезбедуваат плажата „Корал Бич“.











