Пожарот што беснее во западна Атика, стигна до селото Агиа Скепи, објавија грчките медиуми, забележувајќи дека седум авиони и 450 пожарникари се распоредени за борба против пожарот. Огнената стихија беснее веќе неколку дена, а пламените јазици поминаа низ селото Агиа Скепи додека пожарот се приближува кон Псата со силен мирис на чад низ целата област, објавува порталот „Прототема“.
Портокалово предупредување за пожар е во сила во регионите Атика, Беотија и Евија. Според грчките медиуми, досега во пожарите во Беотија и Атика се изгорени повеќе од 111.000 хектари.
Грчката полиција спроведе прелиминарна истрага за околностите и причините за судирот на два изнајмени хеликоптери BEL, што се случи во недела, 2 август 2026 година, за време на операција за гаснење шумски пожари во областа Псата во Атика.
Според грчките медиуми, во судирот на хеликоптерите загинале две лица, дански пилот и грчки координатор, а повредени се екипажот на другиот хеликоптер, британски пилот и неговиот грчки координатор. По наредба на надлежниот обвинител, во тек се сите планирани прелиминарни истражни дејствија за собирање податоци и проверка на точните околности под кои се случил инцидентот.












