Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на следната недела, изјави денес официјален претставник на Белата куќа.
Двајцата лидери треба да се сретнат во вторник, изјави официјален претставник, кој побара анонимност, објави „Блумберг“.
Средбата доаѓа неколку дена откако Зеленски на социјалните мрежи изјави дека имал „добар и важен разговор за тоа како да се оживее дипломатијата и да се приближи мирот“ со претставниците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, соопшти агенцијата, пренесува „Танјуг“.












