Пет британски полицајци беа повредени откако брод на Метрополитенската полиција се урна во мостот Вестминстер во центарот на Лондон во петокот, соопшти полицијата, објави „Ројтерс“.
Бродот, дел од Единицата на поморската полиција на Метрополитенската полиција удри во мостот, наведе полицијата. Се додава дека повеќе полицајци паднале во вода, но се брзо спасени, а на местото на несреќата пристигнале дополнителни полициски службеници и други итни служби.
„Пет полициски службеници се повредени и им се укажува лекарска помош. Чекаме нови информации за тежината на нивните повреди“, се наведува во соопштението на полицијата.
Полицијата соопшти дека околностите за инцидентот ќе бидат „темелно истражени“.
Инцидентот се случи во близина на зградата на британскиот парламент, пред бројни минувачи кои набљудуваа од мостот Вестминстер, пренесе „Хина“.












